За Моханџи

Моханџи е филантроп и хуманитарец. Тој е љубител на човештвото кој верува дека човечноста е најдобрата религија за луѓето. Човечноста над сите бариери создадени од човекот како што се каста, боја, вера, националност и култура. Неговата љубов се протега на сите суштества на земјата и тој оди по патот на ахимса (ненасилство) во мисла, зборови и дела. Тој се води од уверувањето дека сите ние треба да ја оставиме земјата како подобро место за живеење откако ќе заминеме од неа.

Mohanji-shining-bright

Додаваме вредност на Македонија

Наша мисија

Подигнување на колективната свест на светот преку поддржување на трансформацијата на човештвото во човечни луѓе и создавање начин на живот заснован на почит и ненасилство – за свет над себичноста и сите човечки создадени бариери.

Наша визија

Еден свет, едно семејство, коегзистирајќи во совршена хармонија, мир и взаемна почит и поддршка.

Наши вредности

Несебичност, добрина, ненасилство во мислите, изразувањето и постапките.

mohanjis-world

За Моханџи фондацијата

Денес, Моханџи фондациите се формално регистрирани во 19 земји на пет континенти, додека активностите се спроведуваат во над 80 земји низ светот. Меѓународната Моханџи фондација е со седиште во Швајцарија, под директен надзор на швајцарската федерална влада.

Моханџи фондацијата има формирано центри на мир во многу држави низ светот за редовно спроведување на медитации и трансформативни програми. Од училиштата, колеџите, корпорациите до болниците и затворите, милиони луѓе имаат корист од техниките и практиките креирани од Моханџи, кои ги спроведуваат обучени ачарји и волонтери.

МЕДИТАЦИИ

СВЕСНО ОДЕЊЕ

НЕДЕЛНИ АКТИВНОСТИ

БЛОГ